„Извини Адел, ќе ја исправиме грешката“

Церемонијата за доделувањето на „БРИТ“ наградите се одржува на 20 февруари во лондонската О2 арена, а вечерта освен добрата музика, би можело да ја одбележи и извинувањето за британската пејачка Адел.

Извршниот директор на „Universal UK“, и воедно претставник на Британската музичка академија, Дејвид Џозеф, изјавил дека нема да се повтори контроверзноста околу кратењето на говорот на Адел, пренесува британскиот „Гардијан“.

„Говорот на Адел беше прекинат бидејќи програмата дојде при самиот крај и не остана веќе време“, кажал Џозеф.

[youtube]http://youtu.be/Us78Mw3Fr9U[/youtube]

Минатата година на БРИТ наградите Адел го подигна средниот прст во знак на протест, одкако презентерот Џејмс Корден го прекина нејзиниот победнички говор за да ги најави финалните изведувачи. Во таа пригода на пејачката и беше врачена наградата за албум на годината.

Од 2011 година Адел владее со британските и американските музички листи. Иако минатата година „Skyfall“ беше единствениот сингл кој таа го издаде, сепак, можеби ќе добие повторно прилика да се заблагодари на своите фанови. Дејвид Џозеф предчувствува дека нешто ќе се случи оваа година што ќе му овозможи да ја исправат направената грешка.

„Сеуште не ми е јасно што точно се случи. Како е можно уметницата која изврши најголемо културно влијание во музичкиот свет беше прекината да го доврши говорот“, изјавил тој.

Џозеф тврди дека доколку се случи слична ситуација годинава „ITV“ треба веднаш да пуштат рекламен блок.

„Потполно ја разбирам Адел која го изрази својот став по тој повод. Тоа за неа претсавуваше важен момент. Сепак, таа е во Лос Анџелес и мала е веројатноста дека ќе присуствува.“

- Реклама -