Контроверзната пејачка и овој пат беше во улога на водител, а публиката ја забавуваше со своите разголени комбинации.
Мајли Сајрус оваа година на MTV VMA беше во улога на водителка на целата прорама. Публиката ја забавуваше со своите шеги, смешни коментари, но и модните комбинации кои генерално покажуваа повеќе отколку што покриваа.
Во еден момент камерите ја фатија во непријатен момент во кој се обидува да се завитка со завесата, но нејзината брадавица сепак најде пат до светлината на камерата. А, Мајли изгледаше самоуверена и сигурна во тоа што го прави.
„Извинете, градите ми излегоа’, само накратко кажа и продолжи со водителската работа. Освен што нема проблем со покажување на своето тело, Мајли позади сцената запали и „џоинт“.