Тинејџерката Елиф Билгин од Турција ја доби наградата на „Scientific America“ за нејзиниот изум што ќе го смени светот: добивање биопластика од кора од банана.
За изумот што ќе реши еден од големите проблеми на денешницата, 16-годишната Турчинка, Елиф Билгин, е прогласена за добитничка на овогодишната награда „Наука во акција“ во износ во износ од 50 000 долари што ја доделува „Scientific America“.
Елиф две години го усовршувала добивањето на биопластика од кора од банана. Нејзината постапка може да се искористи за добивање еколошки прифатлива пластика која е лесно разградлива и погодна за околината, а се користи за изолација на кабли.
„Што се однесува до мене, ова значи дека мојот проект има потенцијал да стане решение за проблемот со загадувањето предизвикано од обичната пластика. Тоа, исто така, значи дека започнав процес на менување на светот поради што веќе се однесувам како победничка“, рекла младата Елиф.
[youtube]http://youtu.be/A21_xl2oH38[/youtube]