СЈО денес во Кривичниот суд презентираше вкупно 1.560 докази во рамки на обвинението „Труст“ кое се однесува на злоупотреба на голема сума на пари преку јавна набавка.
Судското рочиште за „Труст“ денес беше паузирано со цел СЈО да обезбеди примерок од доказите за одбраната.
Меѓу доказниот материјал е документација од тендерската постапка прибавена од РЕК Битола, фактури од извршената уплата при јавната набавка, сметки на „Трасмет“ во кои се гледа салдото на фирмата, бројот на вработени во обвинетите фирми, а приложени се и три прислушувани разговори.
Судијката Лидија Трајковска Зимбовска претходно рече дека очекува денешното рочиште да трае до крајот на работното време.