Издаден налог за апсење на Пуџдемон

Шпанскиот суд издал налог за апсење за поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, потврдил неговиот адвокат Пал Бекер.

Белгискиот адвокат на прашањата од медиумите одговорил дека е вистина дека е издадена потерница со налог за апсење на Пуџдемон и уште четворица други министри од неговата Влада, кои во моментов се наоѓаат во Белгија заедно со него.

Се очекува дека Шпанските власти наскоро ќе издадат и барање за екстрадиција до обвинителството во Брисел.

- Реклама -