Познатата актерка Џенифер Анистон и нејзиниот вереник планираат да се венчаат на Хаваи.
Убавата актерка и нејзиниот вереник се одлучила за егзотична дестинација каде ќе го кажат судбинското „да“, пишува Daily Mail.
Парот се речиси две години во врска и беше само прашање на време кога ќе отидат чекор понатаму.
Најновите вести за холивудската двојка ги откриваат причините поради кои ги избрале убавите Хаваи како дестинација за влез во брачните води.
„Љубовната двојка, во 2011 година помина посебен, романтичен одмор на Хаваите. И двајцата го обожаваат островот и сонуваат за опуштена венчавка на зајдисонце“, открива извор.
„Во случај Хаваи да биде конечен избор, бројот на гости ќе биде намален на 20 гости, и тоа ќе биде интимна свадба во кругот на најблиските. Џастин ги обожава Хаваите, тоа му е омилено место на светот“, дополнува изворот.