Ѕвездата на тинејџерската серија „Glee“ Џејн Линч и нејзината сопруга Лара Ембри објавија дека се разведуваат по три години брак.
„Лара и јас одлучивме да ставиме крај на бракот. Тоа беше тешка одлука за нас“, рекла Линч за магазинот People и додала дека сакаат приватност додека го решаваат ова семејно прашање.
Линч (52) и Ембри се венчаа во 2010 година во Масачусетс. Актерката е актуелна по улогите во серијата „Glee“ и во бродвејската претстава „Annie“.