Ако сакате да дознаете нешто повеќе за својата личност направете го овој едноставен, краток тест.
Ви нудиме десет различни врати, а вие треба да изберете една која најмногу преферирате да ја отворите, односно онаа која ви влева најмногу доверба. Тоа би можело да открие нешто за вас и вашиот тип на личност. Па, да провериме!
Врата број 1
Вие сте забавна личност која ја цени едноставноста и леснотијата. Сакате да ги задоволувате другите, но и самите да уживате во малите луксузи, како што се добар керамички сет, миризливи декорирани свеќи или деликатеси. Многу веројатно имате љубов кон патувањата и другите култури.
Го сакате за сите најдоброто и секогаш се трудите да направите добра атмосфера меѓу луѓето. И баш затоа имајте на ум, доколку понекогаш ви е потребна поддршка или помош, сосема е во ред да побарате од другите.
Врата број 2
Вие сте едноставна личност која не сака да го комплицира животот. Имате тенденција да ги задржите работите чисти и совршени, но запрашајте се дали толкав труд на крај ќе се исплати. Не сметате дека нешто недостасува? Многу енергија трошите на своите лични достигнувања и успеси во работата, а да не спомнуваме за попатните признанија како диплома и сертификати на ѕидовите. Но, дали на тој пат вие лично сте се развиле? Квалитетното живеење значи да се пронајде рамнотежа.
Затоа, опкружете се со позитивни работи и дозволете си неколку луди авантури. Изненадете се себеси со избори кои вклучуваат ризик, и напуштете ги урбаните патеки.
Врата број 3
Со својата необична личност лесно ги привлекувате луѓето околу себе, иако ретко дозволувате вистински да ве запознаат. Многу работи ви одат од рака и вие сте уметнички тип, кој се изразува на многу начини. Имате способност од ништо да напавите нешто. Пазарите и саеми на антиквитети не се непознати за вас, како и способноста од старите и бескорисни работи да направите нови и интересни.
Го цените својот простор, па често се наоѓате затворени во него. Не заборавајте по кој пат сте излегле од својата тајна скривница, па спуштете се на земја, и уживајте во животот под облаците.
Врата број 4
Вие сте стара душа склона на драматизирање. Имате силни уметнички претензии и среќни сте кога се изразувате преку пишаниот збор, музика, визуелна уметност или нешто друго. Знаете да бидете контрадикторни, и дури во моментите на најголема отвореност кон другите задржувате многу работи за себе. Имате богат внатрешен живот, но повеќето мисли кои произлегуваат од него љубоморно ги чувате. Иако тоа ви е тешко, обидете се некој пат да споделите некои од своите грижи со другите.
Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и полесно ќе дојдете во костец со сопствениот перфекционизам и потребата да се биде „капак на секоја манџа“. Сепак сте социјално битие кое мора да комуницира со животната средина.
Врата број 5
Важно ви е да бидете дел од тимот, и со својата работа да придонесете во секоја ситуација. Среќни сте кога работите одат по својот тек, а најмногу ве исполнува сопствената продуктивност. Со таквиот карактер имате развиено одредено ниво на самосвест, но сепак обидете се да ја запрете топката. Слушнете го своето тело. Дали ви е време за одмор? Можеби понеделникот не треба да биде почетокот на работната недела, туку прилика едноставно да се чувствувате одлично во својата кожа.
Дајте си време за да ги пронајдете работите во кои уживате, а да не се дел од вашата рутина. Истражувајте се себеси, дури и по цела на релаксацијата која за вас е сосема непозната. Сè се пристигнува, и за сè си има време.
Врата број 6
Сигурна личност сте и имате око за детали. Другите ве перцепираат како мирен поединец кој се грижи за својата слика во друштвото. Но, делумно ја сокривате сопствената нерамнотежа. Вашиот стан или автомобил, најверојатно се дави во хаос. Склони сте кон деструктивни самокритики, особено во тешките моменти кога се обвинувате з сопствените неуспеси.
Сигурно не е лесно да се живее со такви нестабилни столбови, па затоа најдете време за одмор и релаксација. Животот не е само грижата за другите и светот не е секогаш свртен накај вас. Што сакате од себе? Како да го постигнете тоа?
Врата број 7
Едноставен минималист кој секогаш има нешто важно за правење. Се грижите за другите, и често им посветувате време кое навистина ви припаѓа на вас. Многу сте чувствителни, и сакате да се опкружувате со работи кои ви значат. Семејството и пријателите ви се на прво место во животот, и се што можете би направиле за нив. Но, понекогаш треба да мислите повеќе за себеси, и на кој начин да се развеселите.
Што ве прави среќни и весели? Како би сакале да го поминете совршениот ден? Иако можеби имате важна улога во семејството и кариерата, немојте да се изгубите себеси. Секој ден е прилика да градите иднина каква што сакате. Разберете дека добри работи се случуваат на сите, и дека вие не сте исклучок.
Врата број 8
Вашата разиграна и весела личност позитивно делува на вашиот изглед и однесување. Иако на сè се прилагодувате, имате проблеми со самодовербата, и анскиозноста во одредени области во животот. Не сте организирани, а кога имате поголеми проблеми во животот, не знаете од каде да почнете да ги поправате. Сепак, горди сте на своите успеси, и треба да ги цените повеќе.
Посветете време на себе и развојот на својата личност, прифатете ги своите мани и научете да се сакате. И никако немојте да ги игнорирате луѓето во својата близина кои би можеле да ви помогнат во тоа. Животот е полесен кога не сме сами.
Врата број 9
Информирана личност која има решение за секој проблем. Вешти сте во решавање на проблемите, а штедливоста ви е голема доблест. Ја цените едноставноста, и низ животот чекорите држејќи се на своите полиња. Зошто би ви било потребно нешто друго? Лесно е да ве сакаат и да ве задоволат, а најмило ви е кога своите решавачки способности ги користите за да им помогнете на другите.
Без оглед на тоа дали треба да се поплочи бањата или да се изгради куќа за птици, вие секогаш сте подготвени да ги вметнете своите паметни идеи и работливи раце. Сепак, немојте да се чувствувате инфериорно доколку некој ви пружи рака, и да направи нешто што вие самите не сте можеле.
Врата број 10
Како личност ја цените стабилноста и уиграноста на животните навики. Другите можат да се потпрат на вас, знаејќи колку сакате квалитет и детали. На сè пристапувате со претходна анализа, и ретко се наоѓате во ситуација без план. Сигурноста и поддршката ви се на прво место во сите сфери на животот. Дури и кога ќе постигнете повеќе од очекуваното, се чувствувате по малку непријанто што резултатот не бил во рамките на очекуваното. Ова е особено вистина кога немате многу корист од вишокот.
Многу веројатно имате и уметничка страна, но сте ја потиснале од некоја причина. На пример, сакате да слушате музика и да собирате плочи, но никогаш самите не би земале инструмент во рака. Своите проблеми ги држите за себе, и немате ни намера да ги наметнувате на другите. Но, немојте да се затварате. Искреното покажување на својот став, како и слабостите, никогаш не биле против законот.