Итан Хок не и типичен холивудски актер, иако е номиниран три пати за „Оскар”.
Тој е од А-лига на ѕвездите, беше оженет за култната убавица Ума Турман и има десетина блокбастери зад себе како „Големите очекувања”, „Крадец на животи”, „Пред зајдисонце” итн.
Според многумина Итан во моментов е најинтелигентниот актер во Холивуд.
Во исто време Хок претпочита да го живее мирно својот живот во Њујорк, не сака да оди по социјални настани и е многу дискретен во однос на приватниот живот. На големо изненадување беше што актерот се согласи да позира за една фотосесија во списанието Modern Luxury заедно со своите две ќерки Клементина и Индијана, со оглед на тоа што речиси никогаш не се експонира медиумски без да постои добар повод.
За тоа дека не му се допаѓа да биде ѕвезда: „Никогаш не сум сакал да бидам заштитен знак како Том Круз, Бред Пит или Џорџ Клуни.”
За татковството : „Да бидам татко е една од најпознатите природни и лесни работи кои што ми се случиле во животот. Сето друго е толку тешко …. Има толку работи кои што ни носат главоболки секој ден, но татковството е крајно едноставна задача. Јас секогаш сум сакал да бидам татко. “
За сопругата Рајан: „Мојата сопруга ме држи долу на земјата. Со неа сум го создал најинтензивното блиско пријателство што некогаш сум го имал во животот и тоа е фантастично. Се ми оди добро, кога имам мир во куќата. “