Стереотипот за безволните и тупи корисници ма марихуана, има и научни темели. Новото истражување покажува дека мозокот на личностите кои редовно конзумираат марихуана, има тенденција да произведуваат помалку хемиски соединенија кои си поврзуваат со мотивацијата.
Истражувачите во Англија скенирале 19 мозоци на корисници на марихуана и исто толку мозоци на луѓе што никогаш не користеле марихуана, со помош на позитронска емисиона томографија (ПЕТ), и ја мереле дистрибуцијата на хемикалии низ целиот мозок.
Откриле дека со долгогодишна употреба на канабис, мозокот произведува помалку допамин, хемикалија која има главна улога во мотивационото однесување (допаминот има многу функции во мозокот и телото на сите животни).
Испитаниците кои редовно користеле марихуана и оние кои користеле од млади години, имале помало количество на допамин во мозокот кој се нарекува стриатум. Најверојатно ова е причината за недостатокот на мотивација, истакнал главниот одговорен доктор на ова истражување Мајкл Блумфилд, кој работи како истражувач на Универзитетот за клиничка наука на Империјал Колеџот во Лондон.
Поради чудното однесување и бизарните мисли (симптоми на психоза) кои се симптоматични за луѓето под влијание на канабисот, истражувачите очекувале нивото на допаминот да биде зголемено, но резултатите биле неочекувани и целосно ги збуниле.
Со ваквите нови резултати, истражувачите истакнале дека потребни се многу повеќе нови истражувања, за да се утврдат сите симптоми кои се појавуваат како последица од користењето на марихуаната.
Но сепак на крај се истакнува дека при истражувањето на поранешни редовни корисници на марихуана и луѓе кои никогаш немале контакт со неа, нивото на допамин во мозокот било на нормално ниво, што сугерира дека ефектите се краткотрајни и нема никакви долгорочни последици.
Врз основа на ова истржување, можеби не е лоша идеја, со закон да им се наложи на сите банкари, директори и политичари да започнат да користат канабис, за да можат обичните луѓе на планетава да се одморат од нивното патолошко однесување!