Иако не постои недостаток на чукнати идеи во филмовите со научната фантастика за тоа како суштества од другите планети би можеле да изгледаат, многу чудни и извонредни суштества, всушност, можат да се најдат тука на Земјата.
Неодамна, тим од Nautilus Live експидицијата, опрерирајќи возило контролирано од далеку (ROV) се сретна со едно од најфасцинантните животни форми во светот: редок, виолетов сифонофор (siphonophore) скитајќи низ длабочините на океанот. Дури и искусните истражувачи на морските длабочини, добро запознаени со морските животни, имале тешкотии во прифаќањето на фактот дека тоа што гледаат е навистина реално.
„Леле. Добро, тоа е стравотно,“ вели операторот на Rov-от. „Не можам да поверувам дека е живо суштество“.
Неверојатно, иако ова се чини дека може да е животно налик медуза, тоа всушност е патувачка колонија составена од илјадници индивидуални организми наречени zooids, и секој придонесува за целината. Сепак, покрај неговиот вонземски облик, виолетовата боја на овој примерок е исто така малку невообичаена.