Историјата на успехот: Миранда Кер

Викторија Сикрет

 

Таа  стана првиот австралиски модел на кој во 2007година и беше понуден договор за Викторија Сикрет, заменувајќи ја манекенката Жизел Бундхен. По нејзиното прифаќање, воопшто првиот австралиски модел на Викторија сикрет, се приклучи кон другите избрани модели кои потпишаа за гигантот на долна облека, вклучувајќи ги Александра Амбросио, Каролина Куркова, Адријана Лима, Селита Ибанкс, Изабел Гуларт и Хајди Клум. Пред да стане ангел во 2007 година , Кер веќе беше избрана за наследник на Александра Амбросио како лице за ПИНК во 2006 година. Популарноста на Кер продолжи да расте како една од најпрепознатливите ангели кога таа се појави во Викторија сикрет во 2006, 2007, 2008, и 2009 на телевизиските модни ревии, кои се емитуваа на четири континенти. Поради овој успех Кер беше избрана за списанието Ев, Еф ха ем, списанието Доли, австралиското списание Харперс Базар и списанието Медисон.

viki2

Од 2009, Кер беше избрана за насловната страна на австралиското списание Ролинг Стоун, за Харпер Базар- Aвстралија, за Неделниот весник, за турското списание Темпо, за шпанскио списание Космополитен и за германското списание ЏеКју. Кер исто така беше избрана за календарот Пирели 2010 и колумните за колекцијата на XOXO пролет/лето 2009година, списанието Ев , Вог Нипон, рускиот Вог, германскиот магазин Гламур, и австралискиот Hарперс Базар.
Во 2010 година таа се приклучи кон дизајнерската позната компанија Прада за нивната сезонска колекција 2010 во модната недела во Милано заедно со ангелите Дојчен Крос и Александра Амбросио.

viktorija