Историјата на успехот: Миранда Кер

Списанието Доли

На 13 години, во 1997 година, Кер учествуваше и победи на годишниот избор за Импулс Модел, организирано од списанието Доли. Таа заминала во Сиднеј една недела пред нејзиниот 14 ти роденден за да се слика за списанието. За нејзината победа, локалните медиуми изразија “загриженост” поради тоа што била многу мала. Контраверзноста ги зголеми грижите за славата на младите девојки и нивното учество во модната, козметичката и другите забавни индустрии. Некои конзервативни медиуми се пожалија дека фотографирањето за списанието Доли (вклучувајќи слики од 14 годишната Кер во костими за капење) наведува на детска порнографија.

Наспроти тоа, Кер изјави дека медиумите во тоа време се обидувале да ги објават сите детали кои наликувале на педофилијата. Списанието Доли е за млади девојки а не за возрасни мажи. И јас бев целосно облечена за време на зимската фотосесија! Тие направија од ништо нешто.
Кер потпишала за поделбата на Чик Менаџмент во Сиднеј. Таа се стекна со голем публицитет по рекламирињето на костими за капење претежно за австралиската колекција за сурфање Билабонг, за кои Кер рекламираше сурфачки брендови како Тајгерлајли, Рокси, Билабонг грлс, и Уан Тиспун. Со ова таа стана многу позната за австралиските и азиските пазари, а набрзо потоа се пресели во Њу Јорк.

Во 2003 год , Кер потпиша договор со агенцијата Мадисон.

doli