Истакнете ги адутите, сокријте ги маните (модни предлози)

За да изгледате топ во секоја прилика, избирајте гардероба што најдобро ѝ прилега на вашата градба. Сѐ е во пропорцијата.

А-градба

a

Ако имате тесни рамена, широки колкови, дефиниран струк, а мускулести нозе, вие имате А-градба на тело која остава многу можности за комбинирање на гардеробата. Ви прилегаат потемни долни делови во комбинација со посветли маици, кошули или блузи. Интересен ремен ќе ви го истакне струкот. Не спуштајте го премногу за да не го привлекувате вниманието на колковите. Носете здолништа со А-крој со должина до под колена, фустани на преклоп или со поширок долен дел.

a1

О-градба

o

Доколку рамената ви се пошироки во однос на колковите, градите средни или големи, струкот рамен, нозете тенки, а колковите тесни, вие спаѓате во О-тип на градба. Со гардеробата треба да го издолжите трупот, а тоа најдобро се постигнува со блузи во темни бои кои се малку подолги од средната линија на телото. Така ќе ја дефинирате фигурата. Со оглед на тоа што имате тесни колкови и тенки нозе, добро ви стојат различни видови панталони, а идеални се оние со низок струк, без каиш. Идеално ви прилегаат модели кои создаваат илузија на облини во долниот дел, па затоа бирајте здолништа со А-крој, тесни здолништа или пеплум.

o1

Х-градба

h

Атлетската или Х-градба на телото го карактеризира рамен струк, мали гради и слична ширина на колковите и рамената, па ваша главна цел е да создадете облини. Тесните панталони ќе ги истакнат вашите витки нозе, а одлично ви прилегаат и фустани кои се тесни во струкот, а долу широки. Моделите со карнери се добитна комбинација.

h1

Икс-градба

iks

Среќничките со градба на песочен часовник или Икс-градба имаат рамена и колкови со иста ширина, тенко и јасно дефиниран струк. Ако спаѓате меѓу нив, користете гардероба за да ги нагласите облините и да го стесните струкот. Во тоа ќе ви помогнат модели од меки материјали.Избирајте фустани до колена, но не и рамно кроени туники и фустани што го кријат телото.

iks1

- Реклама -