Брендон Брајант поранешен дрон-оператор во воздушните сили на Америка, пред 7 дена јавно проговори за неговото воено искуство. Тој за вестите на NBC изјави дека е одговорен за смрта на 1626 луѓе. Како дрон-оператор во воената база во Невада, котролирал дронови кои биле во Авганистан и Ирак, и преку камерата на дронот гледал како гинат луѓе, за кои не секогаш имало потврда дека се “терористи”.
Брендон исто така збори за неговата душевна состојба и вели дека ја изгубил вредноста за животот. Поствоениот синдром е голем проблем кај ветераните од сите војни и модерната медицина и психологија сеуште неможат да најдат решение.
[youtube]http://youtu.be/792cd1u_XQw[/youtube]