Една од најпосакуваните жени во светот Никол Шерцингер проговори за борбата со булимијата, опишувајќи го периодот како мрачен и најлош во нејзиниот живот.
– Булимијата е толку страшна и парализирачка болест, тоа беше многу мрачен период за мене. Тоа е една од причините зошто сочувствувам со луѓето кои се борат со внатрешните демони. Многу брзо тие почнуваат да контролираат со вашиот живот- вели Никол во својата исповед за магазинот „Космополитен“.
Пејачката објаснила колку нарушувањето во исхраната предизвикано од булимијата почнало да влијае на нејзиниот живот, а особено на кариерата:
– Булимијата толку почна да влијае на мојот живот, што почнав да го губам гласот, не можев да пеам, и сето тоа се случуваше во моментот додека ја градев кариерата во групата „Pussycat Dolls“. Во еден момент се случи менаџерот да ме пронајде на подот онесвестена- раскажала оваа убавица.
Проблемот кој Никол го имала го криела од членовите од групата, сиот стрес со кој тогаш главниот вокал го носела, влијаел на лошата атмосфера и колапс на групата.
Моментално Никол и нејзиниот партнер Луис Хамилтон уживаат на романтичен одмор на Медитеранот, каде Никол изгледа здраво, среќно и многу секси.