Видеото е направено во дневната соба на Анџелина Џоли, а го снимил нејзиниот дилер.
На снимката се гледа колку актерката дезориентирано шета низ собата, додека неразговетно зборува со нејзинот татко Џон Воит.
Се чини дека минатото на Анџелина Џоли се врати да ја прогонува, кога актерката беше во „мрачниот период“ во деведесеттите години.
Снимката е од 1999 година во нејзиниот дом на Менхетен, а „благодарение“ на нејзиниот дилер Френклин Мејер ова видео е создадено и објавено пред очите на јавноста.
Тој ден, Мејер дошол да ја испорача вообичаената доза на кокаин и хероин на Анџелина. Актерката може да се види како талка низ станот во црн фустан, а станот е полн со ѓубре и лименки.
Анџелина никогаш не криела дека поминувала низ тешки периоди во својот живот и дека денес е среќна што воопшто е жива.