Исланд дели божиќен бонус на невработени

Божиќен бонус годинава во Исланд ќе добијат и вработените, но и невработените и тоа во висина од 530 евра. Нешто поголем бонус ќе добијат семејствата со повеќе од две деца.

Ваквото право го остваруваат околу 4.000 лица кои биле невработени најмалку 10 месеци во текот на 2017 и кои активно барале работа во ноември и декември.

И покрај тоа, Исланд е една од земјите со најниска стапка на невработеност – во септември таа изнесувала 1,8 отсто. Највисока невработеност во оваа држава имало во 2009, кога изнесувала околу 9 отсто.

По големата економска криза што ѝ се случи на државата, властите сега се посветени и на развивање на туризмот, на штедење, но и на помош на своите сограѓани на кои на било каков начин им е потребна.

Прочитајте и:  Исланд прифати пократка работна недела и има полн погодок

- Реклама -