Усогласувањето на германскиот закон со Европската Унија доведе до неочекувана загуба на јазикот, односно укинување на најдолгите зборови во германскиот јазик. Така, беше укинат и зборот кој беше составен од неверојатни 63 букви.
„Rindfleischetikettierungsüberwachungsaufgabenübertragungsgesetz“, во превод: „Закон за должностите на делегацијата и надзор на означување на добиток“, е исфрлен од употреба, па така веќе никој нема да мора да се мачи да го „крши јазикот“ во обид да го прочита или пак да го изговори.
Овој закон, донесен во 1999 година како дел од мерките за спречување на кравјото лудило, формално е избришан од речникот минатата недела поради промената на регулативите на ЕУ.
И покрај овие промени, на германскиот јазик нема да му недостигаат километарските зборови како „Donaudampfschifffahrtsgesellschaftskapitaenswitwe“ кој во превод значи „вдовица на капетанот на Дунавската компанија за парни бродови“, или „Kraftfahrzeug-Haftpflichtversicherung“, односно „задолжително осигурување на автомобилите“.