Исцрпената Бијонсе ја прекина турнејата

Американската пејачка Бијонсе го откажа концертот во вторникот во Белгија поради дехидрација и исцрпеност.

Во мејлот на агенцијата „AP“, нејзината служба за односи со јавноста, се пренесува дека Бијонсе одмара по препорака на доктор. Нејзинот следен настап е планиран за денес (среда), но одлуката за тоа ќе ја донесе дури откако ќе го слушне мислењето на нејзиниот доктор.

beyonce-kardashian-at-the-met-gala-2013

Доколку се земат во предвид неодамнешните шпекулации дека таа е повторно бремена, нејзината внимателност и исцрпеност укажуваат на тоа дека шансите за тоа овие трачеви да се вистинити се навистина големи.

 

Бијонсе (31), светската турнеја „Mrs. Carter World Tour“ ја започна во април во Белград а би требало да ја заврши на 5-ти август во Њујорк, САД.

- Реклама -