„Iron Man 3“ во кино Милениум

Третиот дел од Марвеловиот Железен човек (Iron Man 3) во 3Д, апсолутниот моментален владетел на светските кино благајни, режиран од Shane Black, со Robert Downey Jr., Gwyneth Paltrow, Guy Pearce во главните улоги, од недела, во 20 часот, ќе се прикажува на редовниот репертоар на кино Милениум.

По минатогодишниот Одмаздници (Avengers) каде повеќето Марвелови суперхерои се екипираа во борбата против злото, годинава најпознатата американска стрип-продукција се одлучи да реализира филмски продолженија од индивидуалните епизоди на нивните стрип јунаци. Прво во низата е третото продолжение на Железниот човек (Iron Man 3), во кое Тони Старк/Железниот Човек влегува во борба со непријателот кој го уништува неговиот личен свет. Ова патување го тестира неговиот темперамент и го наведува на прашањето: Дали човекот го прави костимот, или пак костимот го прави човекот?

[youtube]http://youtu.be/Ke1Y3P9D0Bc[/youtube]

 

- Реклама -