Таа е една од најуспешните модели на денешницата, па каде и да се појави веднаш застанува во центарот на вниманието.
Ирина Шаек го одзема здивот на сите гости со појавувањето на роденденската забава на Фаваз Груоси на Сардинија во четвртокот.
27-годишната манекенка соодветно облечена според белиот „dress code“, изгледаше неодоливо во елегантниот и грациозен фустан кој совршено се впиваше во нејзината прекрасна фигура.