Руската убавица Ирина Шаек вешто ја избегна намерата на грчкиот репортер да креира мини скандал.
Очигледно новинарот сакаше да направи сензација, па извади дрес од фудбалерот Леонардо Меси и и понуди ножички да го исече. Сепак, манекенката ја препозна намерата на грчкиот репортер и не наседнала. Воедно му порачала да го направи тоа самиот доколку толку сака.
Нејзиниот дечко Кристијано Роналдо често е споредуван со Меси, и сечењето на дресот на неговиот најголем ривал, би предизвикал лавина негативни коментари низ светот. Вака, на крајот новинарот остана без посакуваниот скандал па започна сам да го сече дресот.
http://youtu.be/cq4iMhiNlfw