Интимните делови од телото мразат сапун

Жените кои користат гелови за туширање и сапуни при одржувањето на хигиената во интимните делови на телото, се ставаат на ризик од развивање на сексуално преносливи инфекции, предупредуваат експертите.

Истражувачите на Универзитетот во Калифорнија велат дека сапуните и лубрикантите можат да ги оштетат чувствителните ткива и да ја изложат жената на ризик од херпес, хламидија и ХИВ инфекции.

Главниот одговорен на истражувањата, Џоел Браун, вели дека постојат се повеќе докази дека овие препарати предизвикуваат бактериски вагинози.

Д-р Браун испитал вкупно 141 жена од Лос Анџелес од кои секоја одговарала на прашања за производите за хигина кои ги користи и се подложила на лабораториски тестови за вагинална инфекција.

Истражувачите откриле дека 66% од жените користат лубриканти и сапуни за внатрешно чистење на вагината. Жените кои користеле производи кои не се наменети за интерна употреба, како маслата и вазелинот, почесто добивале бактериски инфекции, велат резултатите од студиите објавени во книгата „Гинекологија и акушерство“.

Комерцијалните сексуални лубриканти кои се наменети за интерна употреба не се поврзани со ризикот од инфекции, но експертите велат дека оние кои содржат глицерин, можат да предизвикаат габични инфекции.

Токму затоа се препорачливи тие кои се без глицерин и кои се на база на силикон.

 

- Реклама -