Интересни факти за Куба кои веројатно не сте ги знаеле

Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи. Но, Куба е позната и по многу други работи. Во продолжение, ви откриваме неколку клучни и необични белези на оваа држава, кои и даваат единствен печат каде нема да го сретнете на ниту едно друго место:4158167-Cayo_Coco_island_Cuba_Cayo_Coco

Иако економски е доста сиромашна, сепак, културолошки Куба е една од најбогатите држави во светот. Кубанската култура е доста богата и има силни влијанија од Шпанија и Африка.

Музиката е еден вид симбол за кубанската култура. Кубанската музика како микс од шпанско и африканско потекло, е една од најпопуларните во светот. Во стилот на латино музиката, во Куба можете да заиграте во ритмите на конга, румба, салса, мамбо и ча-ча-ча.

Man smoking cigar

Најдобрите цигари се произведуваат во Куба. Затоа, не е ни чудно што таа е една од нациите која најмногу пуши цигари. И покрај ова, тие содржат минимум никотин и се изработени од хартија од ориз. При нивното создавање мора да се помине преку долг процес на прочистување.

Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет.  Тука, за само 40 центи можете да се возите во Форд, Шевролет или друг американски автомобил кој е постар од вас, а можеби и од вашите родители. Во 1962 година, Америка и забранува на Куба увоз и извоз на автомобили, па Кубанците, поради тоа што не можеле да ги одржуваат своите автомобили, морале ги „паркираат“ за некои подобри времиња. Поради тоа што се добро сочувани, овие автомобили претставуваат вистинско богатство за своите сопственици.

cuba (1)

Сепак, Македонија има нешто заеднично со Куба. Имено, и кај нив Мекдоналдс не постои. Заради американското ембарго, во Куба нема да можете да најдете американски синџири на брза храна. Но, затоа Кубанците го имаат „El Rápido“, најпопуларното место за брза храна.

El_Rapido1

Пристапот до интернет е исклучително скап. Имено, еден час користење на интернет чини 6 долари, а неколку долари поскапо е користењето на безжичниот интернет. Исто така, сосема мал број на хотели нудат интернет во својата понуда. Иако можеби не сте го избрале самиот, одморот од интернетот ќе биде навистина посебно искуство, особено за оние кои што не можат да се “одделат” од интернетот во текот на своето секојдневие.

- Реклама -