Интересни факти за Ајфеловата кула

Највисокиот објект во Париз и воедно еден од најпрепознатливите симболи во светот е славната Ајфеловата Кула. Оваа џиновска железна градба е изградена на Марсовите полиња покрај реката Сена во „градот на светлината“. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес преставува една од најпосетените туристички атракции.

Building-the-

Структурата е висока 324 метри, а во времето кога била направена во 1889година, била највисоката градба во светот, сѐ до 1930, кога била изградена Крајслеровата зграда во Њујорк. Кулата во почетокот била лошо прифатена од јавноста, ја нарекувале одвратна, грда и непријатна за окото.

Eiffel_Tower_

Писателот Ги де Мопасан дури и редовно одел да јаде во ресторанот на кулата, со објаснување дека тоа било единственото место во Париз од каде нема да мора да ја гледа. Сепак, многумина денес сметаат дека тоа било само кутар изговор на интелектуалецот кој уживал од височините во глетката на раскошниот град.

paris-eiffel-

Металната структура на Ајфеловата кула тежи 7.300 тони, а вкупната тежина е 10.100 тони. Одржувањето на кулата вклучува нанесување на 50 тони боја во три нијанси секои седум години за да се спречи рѓосување. Повремено бојата се менува – моментално кулата е обоена во сива нијанса. Секоја вечер кулата ја осветлуваат 20.000 светилки. Додека свети се вели дека кулата го носи својот “дијамантски фустан”.

Иако многумина сметаат дека токму таа е најпосетената дестинација во Франција, сепак, Дизниленд се наоѓа на првото место.

IMG_6449

По нацистичката окупација на Париз во 1940, каблите на лифтовите биле исечени од Французите за Хитлер да мора да се качи по скали за да стигне до платформите. Војниците морале да се качат до врвот за да ја истакнат свастиката, но знамето било преголемо па излетало само неколку часа подоцна. Веднаш потоа повторно се качиле со помало знаме.

WWII,_Europe,

Во август 1944, кога сојузниците се приближувале до Париз, Хитлер му наредил на генералот Дитрих вон Шулц, воениот гувернер на Париз, да ја уништи кулата заедно со остатокот од градот. Но, тој не ја послушал наредбата.

Eiffel-Tower-

- Реклама -