Рецептот кој ви го прикажуваме денес е навистина едноставен за подготовка а резултатот е неверојатно вкусен и со сигурност ќе го израдува вашето семејство.
Потребни состојки: 4 големи интегрални тортиљи (може и обични), 2 парчиња пилешки гради, 1/2 зелена пиперка, 1/2 црвена пиперка, 1/2 помало парче кромид, 1/2 чаша од 250ml сушен патлиџан, 1/3 чаша маслинки, 1 лажица маслиново масло, 1 и пол лажица сушен босилек, 3 парчиња ситно сецкан лук, 60g сирење, 2/3 чаша хумус и 1 чаша листови со спанаќ.
1. Ставете ги пилешките гради да се пржат во маслиново масло и путер, околу 8 до 10 минути. Кога ќе ги тргнете од оган исечете ги на тенки ленти.
2. Подгответе го зеленчукот. Исечете ги на тенки ленти пиперките и кромидот, ситно исецкајте го лукот, со прсти здробете го сирењето, исецкајте ги доматите и маслинките и ставете се во еден голем сад. Додајте масло и сушен босилек и добро промешајте.
3. Убаво премачкајте ги тортиљите со хумус. Ставете го зеленчукот над хумусот, потоа додајте листови спанаќ и на крај додадете го и пилешкото. Земете го крајот на тортиљите и префрлете го преку пилешкото. Краевите свиткајте ги исто како за сарма, и добро замотајте. Пресечете ја секоја тортиља на пола и сервирајте.