Инспиративни цитати за пријателството, љубовта и животот

Никогаш доста од цитати кои отвораат нови видици.

1. Има еден вид среќа, која се изразува само во тоа да се најдеш во вистинско време на вистинското место и една инспирација, што не е ништо повеќе од тоа да го направиш она што треба и како што треба. И двете ги  наоѓаме само кога ќе ги протераме од срцето амбициите, целите и плановите.

Григориј Дејвид Робертс

still_life_candle_cup_tea_abstract_hogh_contrast_hd-wallpaper-1911557

2. Затоа е толку важно да дозволиме некои работи да си одат. Да ги пуштиме на слобода. Да се решиме од нив. Луѓето треба да сфатат дека никој не игра со обележани карти – понекогаш победуваме, друг пат губиме.

Не се надевај да ти вратат нешто, не се надевај да ти ги признаат напорите, да ја откријат твојата генијалност, да ја разберат твојата љубов. Не се двоуми да завршиш со одредена фаза.

Не од гордост или надменост, туку бидејќи едноставно не се вклопува повеќе во твојот живот. Затвори ја вратата, смени ја музиката, исчисти го својот дом. Престани да бидеш оној кој си бил, и стани оној кој што всушност си ти.

Пауло Коелјо

HD-abstract-still-font-b-life-b-font-See-the-font-b-sea-b-font-Canvas

3. Сега знам каков сакам да станам кога ќе пораснам – сакам да станам мало момче.

Џозеф Хелер

il_570xN.646421475_3koe

5. Ако сте свесни дека имате доволно, тогаш сте навистина богати.

Лао Це

Abstract-Landscape-New-Life-Morning-Hand-Painted-Abstract-Man-And-Wife-Oil-Painting-On-Canvas-For

6. Се што тера еден човек да се чувствува добро е правилно, независно од тоа дали во очите на другите изгледа погрешно.

Асар

yoga-art

7. Прашале  еден мудрец: – Колку видови пријатели има?

– Четири – одговорил тој.

– Има пријатели како храна – секој ден ги бараш.

– Има пријатели како лек – ги бараш, кога ти требаат.

– Има пријатели како болест – секогаш тебе те бараат.

– Има пријатели како воздухот – понекогаш не ги чувствуваш, но секогаш се до тебе.

Парабола од Истокот

large

8. Во животот на секој се појавува таков човек, по кој се менуваш засекогаш. И воопшто не е важно дали времето поминато со него, во безгранична среќа или неразумна болка.

Ти едноставно сфаќаш дека никогаш повеќе нема да си повторно таков каков што си бил пред да се сретнете!

Реплика од филмот “Три метри над небото (2010)

9. Твојот човек не е оној со кого што ти е добро – може да ти е добро со стотици луѓе. Твојот човек е тој, без кого што ти е лошо!

Ерих Марија Ремарк

lj

10. Животот не ти ги дава луѓето кои ги сакаш. Тој ти ги дава луѓето, од кои што имаш потреба.

Да ти помагаат. Да те повредуваат. Да те сакаат. Да те напуштат.

И да те претворат во човекот, кој треба да бидеш …

Непознат автор

E8C

- Реклама -