Ињариту доби специјален Оскар за виртуелна реалност

Иако редовното доделување на Оскарите е уште далеку, Академијата веќе додели една статуетка, на режисерот Алехандро Г. Ињариту за неговиот виртуелен проект „Carne y Arena“.

„Carne y Arena“ прикажува виртуелна реалност, заедно со визуелно моќно искуство при раскажувањето. Во овој проект Ињариту го вклучил својот долгогодишен соработник Емануел Лубецки.

Овој филм отвара целосно нова перспектива во кинематографијата, раскажувајќи истовремено и емотивна и политички чувствителна приказна за мигрантите од Мексико кои бараат подобар живот во САД.

- Реклама -