Магазинот Esquire веќе 11 години бира најсексапилна жена на светот, а оваа година победата ја слави Пенелопе Круз.
Познатата убавица по тој повод снимила и секси едиторијал со кој докажа дека и во 40-тата година изгледа сензационално.
„Таа е неверојатно убава. Кога ќе влезе во просторијата сите мажи занемуваат“, пишува во Esquire.
Во интервјуто за магазинот не сакала да открие приватни ниту работни планови бидејќи и таа и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем избегнуваат да откриваат детали од нивниот приватен живот во медиумите.
Минатата година, титулата за најсекси жена ја зема Скарлет Јохансот, додека претходните години беа прогласени и Анџелина Џоли, Хали Бери, Ријана и Шарлиз Терон.
Нејзиниот фото-едиторијал за Esquire можете да го видите во галеријата на следната страна.