Откога и самата стана барана манекенка, успеа да се издвои од познатите сестри, а со тоа почна и повеќе да излегува и да запознава потенцијални љубовници…
Убавата 18-годишна манекенка Кендал Џенер се повеќе е барана на модната сцена, а откога е и полнолетна можат и познати мажи да се поврзуваат со нејзиното име.
Последен на листата беше познатиот Хари Стајлс од бој-бендот One Direction, а сега странските медиуми пишуваат како почнала да се гледа со 25-годишниот НБА ѕвезда Чендлер Парсонс.
Заедно се видени на кошаркарски натпревар, а сведоците тврдат дека цело време флертувале и се смееле.
Кендал би можела да најде место за маж во својот живот, а со оглед на забрзаното темпо на младата убавица ќе биде тешко да оддржи врска со оглед на тоа што, освен модните писти има и линија долна облека и понатаму го снима семејното реално шоу „Keepin’ Up With Kardashians“.