Долги години се прашувавме кои се 99-те проблеми кои ги има Џеј Зи, а сега, благодарение на Али Грахам, добиваме визуелно објаснување за истите. Оваа сензација која во моментов е доста актуелна на „Tumblr“, преку интересни илустрации ни објаснува што би можело да го мачи раперот, судејќи по стиховите на неговите песни, како и на некои негови соработници. Фановите на познатиот рапер со сигурност ќе се забавуваат гледајќи ги, а повеќе вакви постери можете да најдете тука.