Нејзиниот глас ја освои публиката уште со првото појавување на сцената, а првата сезона на X factor и го промени животот.
14 годишната Илма Карахмет ја претстави својата прва песна „Сети се“, зад која што стои потписот на Мики Периќ и Зоран Радетиќ.
Прочитај повеќе: Се сеќавате ли на Илма од „X-Faktor“? Епа… Порасна!
„Песната ми се допадна уште кога беше во демо верзија и знаев дека е тешка, но исто и дека ќе успеам да ја изведам на вистинскиот начин. Текстот е емотивен и ми се допадна многу, горда сум што сите инструменти се отсвирени во живо и што на крајот заврши онака како што замисливме“, вели тинејџерката пред која што стои голема кариера.
Иако се уште на прво место и е училиштето, музиката е нејзината најголема љубов.
„Музиката е моја љубов, навистина најголема и ќе се обидам да ги оправдам добрите критики и позитивни коментари кои ме следеа од првиот настап на X factor, кој ми беше одлична отскочна даска. Мило ми е што сите реагираа добро на мене и на мојот глас, се надевам дека ќе биде така и во иднина“, завршува младата пејачка.