„Игра на тронови“ правена по примерот на Југославија, Македонија е Дорн

Светски популарната серија снимена по серијалот книги идејно се темели на Југославија.

Писателот Џорџ Р.Р. Мартин во интервју  откри од каде му е инспирацијата за разновидните, но реални политички односи меѓу кралствата на Вестерос. Мартин објаснува дека инспирацијата ја црпел од разновидноста и од политичките тензии на поранешните републики на Југославија.

gameOfThrones_2193474b

„Токму како и во моите книги, станува збор за земја што имаше многу разновидности и политички превирања, но се обидуваше да создаде заедничка култура и заедничко кралство. Неколку пријатели што ги имам од студентските денови се од подрачјето на поранешна Југославија, па секогаш ме фасцинираа нивните политички приказни и стереотипи за различните народи и региони“, објасни Мартин.

Откако решил да ја напише првата книга, Мартин поминувал часови во библиотеките за да собере што повеќе податоци за подрачјето на поранешна Југославија и за нејзините жители. Често историјата на јужните Словени му служела како водилка во понатамошното обликување на светот Вестерос.

Приказната, се разбира, нема врска со луѓето од тие подрачја. Ова е вистинска фантастична фикција, но секој што ќе ги погледне текстовите малку поблиску, може да препознае очигледни поврзаности меѓу историските и фиктивните ликови, локации и обичаи. Се разбира, географијата и нејзиниот распоред нужно се променети, но односите меѓу народите останаа непроменети – напоменува авторот.

Во продолжението на интервјуто навел и примери…

Ланистерови – Словенија – русокоси, богати, мислат дека се подобри од другите.

Тајрел – Славонија и приморјето, богата и плодна земја, никогаш не се на власт, но секогаш се пресуден фактор.

Грејџој – Далмација, луѓе што се почитуваат само себеси, другите ги сметаат за послаби, луѓе од морето, историски гусари.

Вејл – Црна Гора, планински одвоен дел, неосвоив, чудни семејни односи, соколот како симбол.

Дорн – Македонија, југ, сонцето им е симбол, секогаш биле одвоени од остатокот, црномурни убави луѓе.

Баратеони – делови од Босна и Херцеговина, големи среќни луѓе, спремни да се напијат и да се најадат, храбри и стројни, Неум е Стормс Енд, излез на море. Роберт е како Тито, по неговата смрт почнува распадот на единството.

Старк – Србија, земја на волците, древните јунаштва. Белград е Белото пристаниште, Косово е Ѕидот. Од другата страна живеат Дивите.

Таргериен – Караѓорѓевиќи, кралско семејство во прогонство, младата Денерис е принцезата-престолонаследничка.

Риверлендс, Тали – Војводина, неутрална земја, секогаш зафатена со војна.

Повеќе на темата прочитајте ТУКА.

- Реклама -