Даниел Греј од Нов Зеланд патувал на север до Едмонтон, Канада за да помине пет недели заедно со неговата девојка и нејзините родители за време на празниците.
Веројатно за да го задржат зафатен (а можеби и за да го тестираат) мајката на неговата девојка одлучила дека ќе биде одлична идеја тие да изградат игло.
Подготовките започнале уште неколку месеци пред доаѓањето на Даниел, при што мајката на неговата девојка, Бриџит, успеала да собере стотици шишиња од млеко, да ги наполни со вода и со прехрамбени бои и да ги замрзне.
Даниел започнал да ги спојува шарените тули од мраз со едноставна мешавина од снег и вода, а целиот проект на градење на иглото траел околу 150 часа, при што биле употребени околку 500 тули.
Сепак, крајниот резултат покажал дека трудот се исплател, а дека идејата на Бриџит била повеќе од одлична.
Погледнете го процесот на создавање на ова колоритно игло.
[youtube]qSb85o2iTRg[/youtube]