Без благородно потекло, внука на таксист, поранешната телевизиска новинарка ќе биде идната кралица на Шпанија.Летисија уште од нејзината свадба со принцот Фелипе успеа да го наметне својот модерен стил и да донесе малку гламур на кралското семејство.
Убава, активна, спонтана, Летисија Ортиз Рокасолано фрли прашината од сликата на кралското семејство.
„Доња Летисија му го отвори духот на Дон Фелипе” – рече неговиот претставник за британскиот биограф Ендрју Мортон. Кога ја запозна Фелипе во 2002 година, Летисија беше разведена.
Нејзината мајка е медицинска сестра, а нејзиниот татко – новинар. Врската со принцот започна во пролетта во 2003 година, а двајцата ја чуваа во тајност до објавувањето на свршувачката во ноември.
„Интелигентна, образована, амбициозна, учтива, со челични нерви” – така ја опишуваат нејзините поранешни колеги. Пред да стане принцеза таа водела неколку месеци вести на јавната телевизија TVE. Летисија постепено го ублажува карактерот, барем јавно, за да ја заземе предвидената улога – на дискретна сопруга на наследникот на престолот.
Таа се грижи внимателно за својот изглед, останува верна на шпанските дизајнери. Со годините присуствува ја повеќе официјални церемонии, секогаш дискретна до нејзиниот сопруг.
Летисија и Фелипе имаат две ќерки – Леонора и Софија, родени во 2005 година и 2007 година. Семејството живее во куќа во паркот на палатата Сарсуела.
Високото образование на Летисија Ортиз е за информатички науки. Таа ја започнала својата кариера во печатот, по што работела за телевизијата Си-Ен-Ен, за подоцна да се префрли во TVE, во 2000.