И пајаците имаат изразена личност

Додека некои пајаци се агресивни, други се срамежливи или послушни, тврдат биолозите од универзитетот Питсбург.

Големите домашни пајаци изгледаат само како глупави машини за убивање, но биолозите тврдат дека секој од нив има сопствена личност.

Тимот на биолози го испитуиваше социјалното однесување на пајаците и откри дека овие животни ги одредува не само дали ќе преживеат, туку и колку ќе бидат успешни во друштво.

Научниците предводени од Џонатан Пруит откриле дека поединечни пајаци можат да бидат исплашени или агресивни, но и склони кон сексуален канибализам.

Научниците ги проучувале овие животни шест години и велат дека некои пајаци живеат осамено во сопствените мрежи, а други имаат богат живот и учевствуваат во содавање на семејство.

- Реклама -