Меѓу фановите на концертот на Бијонсе што се одржа во понеделникот во Белград беше и холивудскиот актер Кевин Костнер кој во српската престолнина го снима филмот „Three Days To Kill“.
Во паузите од снимањето на филмот Костнер не се крие во неговата хотелска соба. Актерот бил забележан и на кејот кај хотелот „Југославија“, во рестораните низ Белград, а во понеделникот уживаше на концертот на Бијонсе во Комбанк арената.
Костнер по пристигнувањето во Белград рекол дека убаво си поминува и дека би сакал да го истражи градот.