И двајцата се сингл и стари речиси половина век. Но, Сандра Булок и Џорџ Клуни се најдобар пример во Холивуд дека и на стари години и без партнер може да изгледате одлично и да бидете среќни.
На премиерата на нивниот нов филм „Gravity“ во Њујорк, Џорџ, 52, и Сандра, 49, споделуваа жешки прегратки на специјалниот црн килим постојано смешкајќи се еден на друг.
Актерката изгледа прекрасно во мини бел фустан и црно-бели штикли. Џорџ, како и секогаш, изгледа шармантно во црн костим и темна кравата.
Џорџ и Сандра глумат астронаути заглавени во вселената по несреќа на нивниот спејс шатл во новиот филм на режисерот Алфонсо Куарон. Нивна единствена шанса да преживеат е да стигнат до меѓународната вселенска станица.
Но, ќе се согласите со мене дека поубаво изгледаат на црвениот килим отколку како астронаути?