Хрватска подготвува пакет-мерки за задржување на лекарите. Според статистичките податоци, во последните 4 години од државата си заминале околу 565 лекари.
Во пакетот на мерки за останување во земјата, Хрватска на лекарите им нуди станови на овие дефицитарни кадри. Голем број високообразовани лекари заминуваат од Хрватска во странство каде работат за подобри услови од оние кои може матичната држава да ги понуди.
Многу болници се соочуваат со сериозен недостиг на стручен кадар, особено од областа на радиологијата, инфектологијата и пулмологијата.
Некои од хрватските жупании планираат да понудат бесплатно живеалиште на доктори, во близина на болниците, со цел да ги задржат и да го решат прашањето со дефицитарните кадри.
Слични мерки се планирани и за стручните кадри од областите на културата, науката и образованието.