Храна која поттикнува глад

Сигурно ви се случило некогаш да не се чувствувате сито после конзумирањето на одреден оброк,а притоа да сте внесле доволна количина на храна. Јадењето би требало да ја убие гладта, но постојат одредени намирници кои го прават токму спротивното, односно ве прават уште погладни. Доколку сакате да започнете со диета или едноставно би сакале да избегнете прејадување само за да се почувствувате сити, дознајте кои намирници би требало да ги избегнувате.

Помфрит

Ретко кој може да одолее на вкусни пржени компирчиња. Без разлика дали ги јадете поединечно, во придружба на разни јадења или пак прелиени со кечап, мајонез или сирење, помфитот во никој случај не се вбројува во оброците кои успешно ќе ве заситат. Овие јаглехидрати се полни со скроб, и затоа оваа храна е ставена на врвот на листата на оние кои треба да се избегнуваат.

Тестенини

За време на обработката овие намирници ги губат растителните влакна и некои други хранливи материи кои ја прават оваа храна помалку здрава. Покрај тоа, тестенините спаѓаат во едноставни јаглехидрати кои допринесуваат до зголемување на глукозата во крвта, поради што кратко време после конзумирањето ќе почувствувате уште поголема глад.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Овошен јогурт

Јогуртот е одличен извор на калциум кој ја одржува цврстината на коските, но доколку јадете од оние со вкус на јагода, круша, или некое друго овошје, во вашиот организам ќе внесете повеќе шеќер отколку калциум. Наместо овошен, подобро купете обичен јогурт и самите додадете овошје или јатчести плодови со што ќе добиете оброк богат со растителни влакна и здрави масти.

Хот-дог

Виршла во тестото односно во кифлите, за многу луѓе претставува омилена храна. Но, без разлика колку таквиот вкус ви се допаѓа, овој оброк е особено нездрав за дигестивниот систем и за организмот воопшто. Хот-догот е преполн со нитрати, конзерванси и натриум, состојки, кои воопшто не се погодни за нашето здравје. Кога не мачи глад, ваквата храна не наведува да изедеме повеќе од потребното за конечно да се почувствуваме сити.

- Реклама -