Храна која може да го убие вашето милениче

Знаеме дека домашните миленици сакаат многу храна, па знаеме да им дадеме и дел од нашиот оброк. Но дали знаете дека одредени состојки кои за нас се безопасни, па дури и здрави, за вашите миленици можат да бидат фатални и отровни. Погледнете што никогаш да не споделувате со својот миленик од вашата храна.

1.Чоколадо

Ние можеби обожаваме чоколадо, но тоа не е причина да му го дадете на вашите миленици! Чоколадните продукти содржат супстанци наречени метилксантини кои можат да предизвикаат повраќање во мали дози, дури и смрт ако е земено во поголеми количини. Износот на чоколадо кое може да резултира со смрт кај миленикот зависи од видот на чоколадото и големината на вашето милениче, но немојте да ризикувате! Чувајте го чоколадото подалеку од било кое мало животно.

2. Семки од кајсија

Кајсијата е уште една многу здрава овошка за луѓето, но која треба да биде чувана подалеку од вашето милениче. Кога го јадете ова овошје, секогаш осигурајте се дека ја фрлате семката на место каде што вашето милениче неможе да дојде, како што е затворена канта за отпадоци. Семката од кајсијата може многу лесно да го задави вашето милениче, затоа што миленичето и да сака да ја јаде овошката , незнае дека има семка внатре.

3. Алкохол

Понекогаш ни луѓето неможат да се справат со алкохолот, па затоа дефинитивно никогаш не треба да му се даде на вашиот миленик. Симптомите за алкохолно труење кај животните се слични со тие кај луѓето, а може да вклучува повраќање, проблеми со дишење, кома, а во потешки случаи, смрт. Треба многу помалку количество на алкохол да се убие куче или мачка отколку треба за човек, дури и ако го прилагодиш на нивната тежинска разлика. Знаеме дека ви е забавно да делите пиво со своето куче, но прекинете.

4. Авокадо

Авокадото е супер здраво за нас луѓето, но очигледно не така добро за животните. Акокадото има супстанца наречена персин која може да делува како отров за куче, предизвикувајќи повраќање и дијареа. Исто така, најдобро е да го одбегнувате послужувањето на авокадо и на други миленици, влкучувајќи ги мачките, зајаците, заморчињата и птиците.

5. Лешници

Миленичињата можат да страдаат од серија на симптоми, вклучувајќи слабост, прегревање и повреќање, откако ќе конзумираат лешници. Лешниците исто така содржат голем број токсини кои се штетни за животните кои можат да влијаат на различни органи во телото на вашиот миленик. Значи избегнувајте да ги храните вашите миленици со лешници по секоја цена, и држети ги надвор од нивен дофат.

6. Грозје и суво грозје

Грозјето и сувото грозје може да предизвика оштетување на бубрезите кај кучињата. Дури и мала доза од овошјето може да предизвика перманентни и фатални последици.

7. Ксилитоп

Се прашувате што е ксилитоп? Тоа е засладувач кој може да се најде во мноу производи, како гуми за џвакање без шеќер и бомбони. Предизвикува брз пад на шеќерот во крвта, резултирајќи со слабост и напади. Откажување на црниот дроб, исто така може да се појави кај некои животни, па внимавајте кога станува хранењето на вашите миленици.

8. Семки од јаболко

Семките на јаболкото изгледаат многу мали и безопасни, но вистината е дека тие содржат хемикалија која е докажана како отровна за животните, особено за кучињата. Не давајте цело јаболко на вашиот миленик во никој случај.

 

9. Кафе

Кафето, а особено, зрната, меленото кафе и еспресо кафето, содржи теобромин и кофеин. Овие два елемента се крајно опасни за домашните миленици, а кога се конзумирани од нивна страна, понекогаш може да има фатални последици на нивното срце. Воопшто не е добро за нив, па бидете внимателни и со кремови или сладоледи со вкус на кафе, кои исто така се штетни за вашиот миленик.

10. Лук

Лукот, кога е проголтан од животни, предизвикува оштетување на нивните крвни зрнца. По негова конзумација, тие можат да изгледаат слабо, неподвижни, или лесно уморливи. Нивната уреа може да биде протокалово-црвена боја. Во потешките случаи, може да биде потребна трансфузија на крвта. Ако мислите дека вашиот миленик има јадено многу лук, веднаш однесете го на ветеринар.

11. Кромид и кромид во прав

И двата продукта содржат сулфоксиди и дисуфоксиди, кои можат да предизвикаат оштетување во црвените крвни зрнца и анемија. Кога му давате на вашиот миленик остатоци од хрната, секогаш погрижете се дека не останале парчиња кромид во чинијата.

12. Сол

Ако изеде премногу сол, на вашето милениче може да предизвика преумерена жед и мокрење и да доведе до натриум-јонско труење. Симптомите се повраќање, дијареа, депресија, треперење, зголемена температура и напади, а во најлош случај, и смрт.

13. Чај

Чајот содржи теобромин и кофеин, кои и двете состојки делуваат отровни и влијаат на срцето. Никогаш не му давајте на вашиот миленик да пијат чај, и секгаш внимавајте вашата шоља чај да биде надвор од нивен достиг. Исто така, кесичите и сувиот чај можат да бидат исто толку штетни.

14. Ореви

Дали сте знаеле дека оревите можат да предизвикаат гастритични внатрешни вознемирувања или дури опструкција во телото на вашето куче? Оревите, исто така, можат да содржат тремогени микотосини кои можат да предизвикаат напади или невролошки проблеми на вашиот миленик.

15. Коски

Коски од риба или живина можат да предизвикаат на вашиот миленик повеќе штета отколку добро. Готвените коски стануваат исклучително кршливи, и како резултат на тоа, тие можат да прдизвикаат голема болка во грлото или стомакот на вашиот миленик. Секогаш бидете сигурни дека на вашето куче му давате сурови коски месо, и никогаш рибини коски.

- Реклама -