Изграден во зората на неолитот, пред 11.500 години, турскиот град Гебекли Тепе претставува своевидна енигма: Градот, кој се состои од дваесетина камени куќишта со гравирани столбови, не зачувал ниту една трага од животот кој се одвивал во него (оган, на пример.).
Професорот Клаус Шмит, задолжен за ископувањата, во него го гледа првиот „храм“ на светот – постар дури и од градовите за кои се очекуваше дека му претходеле. Но, како да се докаже ова?
Тимот на Тристан Картер, археолог од Универзитетот Мекмастер од Канада, дојде до досега непронајдени показатели благодарејќи на стотина сечила од опсидијан (црна вулканска карпа која наликува на стакло) кои биле најдени на местото… иако во близината нема ниту еден вулкан.
По анализата спроведена под јонски сноп во Центарот за истражувања и реставрација на музеите во Франција, а потоа и под флуоресценција од x-зраци во Канада, нивното потекло можело да се открие со споредба на хемискиот состав на поодалечените вулкани.
Било откриено дека парчињата според составот потекнуваат од места оддалечени и по стотици километри. Сè уште останува да се одреди локаниот статус на овие невообичаени црни камења, кои вклучуваат најразлични минерали и кои честопати се носители на симболични значења.
Засега преовладува мислењето дека античкиот крстопат Гебекли, најверојатно бил место на аџилак за древните аџии, што го прави досега најстара градба од религиозен карактер.
Објавено во соработка со Емитер.