Познатите холивудски ѕвезди не ретко го посетуваат бисерот на Хрватска, Дубровник.
Популарната комичарка и ТВ водителка Елен ДеГенерис земала неколку слободни дена, и со својата долгогодишна сопруга, актерката Портиа Де Роси отишла на одмор во Хрватска.
Американските ѕвезди поминале неколку дена на Хвар, а потоа продолжиле до југот на Далмација. И нив ги шармирал Дубровник, а обожавателите во случајна прошетка ги „фатиле“ омилените ликови од малите екрани и се сликале, а Елен и Портиа очигледно биле добро расположени, и се чини морскиот воздух им одговара.
Во секој случај, сезоната само што почнува, па се очекуваат многу познати личности…