Дваесет- годишното пријателство се чини дека се претворило о љубов… барем според пишувањата на американските медиуми.
Познатиот режисер- оскаровец Квентин Тарантино и актерката Ума Турман се пријатели од филмот „Pulp Fiction“ кој е снимен пред дваесет години.
Не е непознато дека актерката е негова муза, а Us Weekly сега пишува дека нивното пријателство преминало во љубов. 44-годишната Ума и 51-годишнот Квентин наводно својата романса ја започнале откако актерката минатиот месец ја раскинала веридбата со Арпад Бусон со кого беше во долгогодишна врска.
Тие се појавија заедно во Кан, а наводно престојувале и во иста вила на југот во Франција. „Отсекогаш имало хемија меѓу нив, а само од неодамна конечно започнаа и љубовна врска. Тој ја сака со години“, открил извор близок на парот.
Ума беше во брак со актерот Итан Хок, со кого има две деца, а со Апард Бусон доби 22-месечна ќерка Росалинд. Откако раскина со милионерот, наводно утеха најде во стариот пријател Тарантино, кој зад себе ги има врските со Кети Грифин, Софија Копола и Џулија Дрејфас.