Возењето во мрак никогаш не било пријатно, а за а бидат сигурни Холанѓаните по патиштата, поставија светла кои ги предупредуваат возачите за сите препреки на патот.Најмногу сообраќајни несреќи се случуваат во ноќните часови, нешто поради деконцентрација на возачите, а друг дел поради замор.
Меѓутоа, овој дизајнерски проект на студиото „ Roosegarde” би можел да обезбеди сигурност.
Засега овој проект се протега 500 метри, а освен осветлените линии, концептот е осмислен и за ладните периоди, односно на -5 степени, па патот да се прикажат осветлени снегулки кои ќе укажуваат на лизгав пат.
Иако е експериментално поставен на мал дел од автопатот, новинарите кои поминале низ тој дел велат дека се чувствувале како да возат низ бајка“, а доколку се покаже ефикасен, овој проект би можел да заживее и на други делови од автопатот.