„Хобитот“ со заработка од над милијарда долари?

Првиот дел од триологијата за Хобитот „Неочекувано патување“, на Питер Џексон, до денес има заработено 921 милиони долари, што значи дека во наредните шест недели, се очекува истиот да заработи повеќе од милијарда.

Британскиот филмски блог “Flicks and Bits„ соопшти дека ова ќе биде 15 филм досега кој заработил над милијарда долари на благајните ширум светот, а четврти од 2012 година на кој тоа му успеало, покрај „Одмазници“, „Бетмен: Подемот на темниот витез“ и „Скајфол“.

Вториот дел од триологијата „Хобитот“ („The Hobbit: The Desolation of Smaug“) ќе се најде пред публиката во декември оваа година, додека третиот („The Hobbit: There and Back Again“)се очекува во текот на наредната.

[youtube]http://youtu.be/b1SJ7yaa7cI[/youtube]

- Реклама -