Хитот „Blurred Lines“ од кога се појави стана вистински хит. Сега се појавија тврдења дека песната е плагијат.
Заразниот ритам на „Blurred Lines“ не ви излегува од глава? Песната на Робин Тике прво се најде на мета поради полуголите девојки во спотот, контроверзниот текст, а сега и некои велат дека е плагијат.
Семејството на Марвин Гејв и продукциската куќа „Bridgeoff Music“ ги обвинија Робин Тике, T.I. и Фарел Вилијамс дека нивната песна е плагијат. Тие сметаат дека летниот хит е комбинација на песните „Got To Give It Up“ на Марвин Гејв и „Sexy Way“ на групата „Funkadelic“.
Тике и неговата издавачка куќа не чекаа долго да поднесат против тужба – тврдат дека не станува збор за плагијат и дека немало никакво копирање.
Преслушајте ги сите три песни и оценете сами кој е во право:
[youtube]http://youtu.be/yyDUC1LUXSU[/youtube]
[youtube]http://youtu.be/wRcVQDELAd4[/youtube]
[youtube]http://youtu.be/JxKOQ3SfGhg[/youtube]