Норман Охлер е автор на најновата книга за нацистичкиот водич Адолф Хитлер, која дефинитивно ќе го промени лицето на историјата за војните.
Наводно, како што тврди авторот, Хитлер консумирал хероин, а неговите војницивојувале под дејство на „первитин“ – претходник на амфетамините.
До моментот на инвазијата на Советскиот сојуз во 1941 година, илјадници војници се бореле под влијание на дрога. Записите од „Wehrmacht“ покажуваат дека околу 200 милиони таблети „Первитин“ им биде поделени на воените трупи од 1939 до 1945 година. Истражувањето на Здружението на германските лекари покажало дека нацистите развиле стимуланс врз база на кокаин за своите борци на првата линија, а го тестирале на логорашите заробени во концентрационите логори.
– Берлин беше Хитлеровата „Breaking bad“ кујна – вели тој и додава дека човекот кој стоел зад производството бил докторот Фриц Хаушилд.
– Тоа било општествено прифатлива потрошувачка. Чоколадите со метамфетамин се продавало за луѓето полесно да ги поминуваат деновите и домашните работи за жените да бидат помалку напорни. Успехот на „молневитата војна“ може да се препише на фактот дека никој не одел на спиење – вели авторот
Една од целите била лекот „Первитин“ да биде ривал на Кока -колата. Луѓето ја прифаќале оваа идеја и биле еуфорични.
– Воопшто не е тајна дека војниците го земале овој лек. Во почетокот војската не сфаќала дека станува збор за дрога, мислеле дека тоа е исто како да пијат кафе. Меѓутоа во 1941 година овој лек бил забранет и бил прогласен за дрога. Потоа неговата дистрибуција во војската се криела – вели Охлер.
Издрогираните војници биле ништо во споредба со нивниот водач. Во поглавјето кое се однесува за нацистичкиот водач, стои дека Хитлер земал 82 различни лекови, меѓу кои била и Вијаграта која се базирала на екстракт од тестостерон. Меѓу дрогите , особено омилена му била „Еукодал“, „роднина“ на хериоинот. Тој особено го сакал овој лек во есена 1944 година кога воената ситуација била поприлично лоша.
– Ја користел таа силна дрога од која бил еуфоричен дури и кога реалноста воопшто не изгледала еуфорично – раскажува Охлер.