Нејзината омилени обувки се високите потпетици, а најомиленото парче облека се провокативните фустани. Но, откако ослабела и ги изгубила килограмите од бременоста, Ким Кардашијан одлучи своето слободно време да го поминува одмарајќи од гламурот, па во одењето на шопинг се покажа во едно необично издание. Старлетата своите толку познати облини ги завиткала во три-четврински спортски хеланки, а наместо штикли се одлучила за удобни патики. Иако овој спортски изглед изгледа совршено за тренинг, Ким сепак била со беспрекорна шминка и мала тренди чанта.